Марфиеви закони на автомобилите :
Кога конечно ќе заштедите за да го поправите вашиот автомобил, ќе ве испуштат од работа.
Ќе ви се дупне гума баш кога ќе немате резервна. Ова ќе се случи одкако некој ќе ве потсети дека треба да набавите резервна... Таа личност ќе биде во автомобилот.
Секогаш има место за паркирање кога возите џип.
Осамената раскрсница никогаш нема сообраќај, се додека вие не се обидете да ја преминете.
На која и да страна да застанете од бензиската пумпа, резервоарот ќе се наоѓа од спротивната страна.
Возилото со најмногу огнена моќ и артилерија има првенство на минување.