Народна индијска поговорка:
Доброто воспитување е најголемото добро што можеме да им го оставиме на децата
Секој човек е единствен чувар на сопствената чест
Реките на ја пијат својата вода, дрвјата не ги јадат своите плодови, облаците не го голтаат својот дожд; сé што е големо, секогаш е во корист на другите
Луѓето можат да ги одбегнат последиците од злобата на своите непријатели, но никогаш не можат да ги одбегнат последиците од своите гревови
Како што тешката облека пречи при движењето на телото, така и богатството пречи при движењето на душата
Дури и ѓаволот има потреба од другар