|
Шаблон |
Ќе бидете или нерешителни или неспособни да остварите некоја своја намера. |
|
|
|
Шајка |
Ако најдете шајка - ќе ви се исполнат желбите. Ако ковате шајки - ќе донесете вистинска одлука. Долга шајка - долг живот. Многу шајки - подобрување на ситуацијата. Ако вадите шајки од нешто - ќе чуете некоја тајна. Стара, 'рѓосана шајка - домот ви е во опасност. |
|
|
|
Шал |
Несреќа. |
|
|
|
Шамија |
Види - МАРАМА |
|
|
|
Шампањ |
Непостојана среќа. Ако пиете шампањ - трошите повеќе пари отколку што заработувате. |
|
|
|
Шампињони |
Внимавајте при изборот на брачен партнер. Ако ги јадете - ќе бидете пофалени. |
|
|
|
Шанк |
Многу ќе ви ветуваат, а малку ќе исполнат. |
|
|
|
Шапка |
Види - ШЕШИР |
|
|
|
Шапкар |
Вложувате напор во нешто што нема да ви донесе никаква корист. |
|
|
|
Шатор |
Ќе живеете како уличар. |
|
|
|
Шах |
Ако играте шах - добри планови, но со несигурен крај. Ако на сон учите да играте шах - моменталната желба нема да ви се оствари. Ако гледате како други играат шах - не мешајте се во туѓите неволји. |
|
|
|
Шаховска Табла |
Задоволство и смирување. |
|
|
|
Шаховски Фигури |
Сеуште е далечен патот до потполниот успех. |
|
|
|
Шегување |
Пријатни моменти. Ако слушате како некој се шегува - жалост. Ако се шегувате на туѓа сметка - со своите постапки ќе си создадете непријатели. |
|
|
|
Шепа |
Шепа од кое било животно - ќе ве примораат да направите нешто против своја волја. |
|
|
|
Шепотење |
Ако шепотите со некого - лошо влијаете врз луѓето. Ако шепотите со саканото лице - разочарување. |
|
|
|
Шестар |
Непријатности од кои тешко ќе се извлечете. |
|
|
|
Шетање |
Ако шетате сами - среќа и радост. Ако шетате со други - проблеми во работата. |
|
|
|
Шеќер |
Ако јадете шеќер - многу ви ласкаат. Ако купувате шеќер - добар живот. Ако добиете шеќер - некој ве сака, а вие не знаете. |
|
|
|
Шеќерана |
Ќе добиете покана за свеченост. |
|
|
|
Шеф |
Ако го видите или разговарате со него - ќе ја смените професијата или работното место. |
|
|
|
Шешир |
Нов шешир - углед. Стар шешир - губење на угледот. Ако ветар ви го однесе шеширот - во последен моменет ќе ви избега некоја добивка. Ако го чистите - ќе претрпите штета. Шешир на глава - патување. Шешир на туѓа глава - грижи. Цилиндер - незгодни вести. |
|
|
|
Шиење |
Добро вработување. Ако се боцнете со игла при шиење - ќе дознаете за нечија свадба. Ако ви подарат прибор за шиење - од срце ќе се израдувате на нешто. Ако го изгубите приборот за шиење - љубовни јадови. Машина за шиење - брз развој на некои настани. |
|
|
|
Шило |
Пазете се од моќта на својот противник. |
|
|
|
Шимпанзо |
Ве очекува омраза и завист. |
|
|
|
Шипки |
Ако берете зрели шипки - ќе стекнете нечија наклоност. Ако берете незрели шипки - непријатности поради озборување. Ако јадете шипки - ќе ви се восхитува околината. |
|
|
|
Шишарка |
Неочекувана среќа. |
|
|
|
Шише |
Празно шише - немаштија. Шише полно со нешто - ќе ве озборуваат. Шише полно со вино - богатство. Скршено шише - сиромаштија и болест. Големо шише - долгови. Мало шише - големо изненадување. |
|
|
|
Шкаф |
Се наоѓате пред некоја тајна. Ако на шкафот има клуч - тајната ќе биде откриена. Отворен шкаф - не знаете да ги чувате своите тајни. Многу шкафови - подобра иднина. |
|
|
|
Школка |
Празна школка - празна среќа. Полна школка - многу среќа. Ако ја најдете - непријатности од кои ќе се извлечете со тешки маки. |
|
|
|
Шлаканица |
Ако удрите некому шлаканица - лага. Ако примите шлаканица - се дружите со лошо друштво. |
|
|
|
Шлем |
Ќе најдете моќен заштитник. |
|
|
|
Шминка |
Сте се отуѓиле од луѓето. |
|
|
|
Шмрк |
Непријатно изненадување. |
|
|
|
Шолја |
Углед и задоволство. Ако на сон купувате шолја - ќе добиете покана за на гости. Ако скршите шолја - одрекување од љубовта. Ако добиете шолја како подарок - ќе сретнете верни пријатели. Ако подарите некому шолја - радо сте видени во друштво. Ако пиете од шолја - среќа во љубовта. |
|
|
|
Шофер |
Ќе ви се исполнат некои желби и надежи. |
|
|
|
Шпион |
Ќе извршувате некои одговорни должности. |
|
|
|
Штавење Кожа |
Ако вие штавите кожа - ќе морате да прифатите некоја непријатна работа. Ако гледате како други штават кожа - ќе избегнете непријатна работа. |
|
|
|
Штала |
Ако видите штала или се најдете внатре - ќе решите некои проблеми. Ако е празна - лага. ако внатре има кози - радост. Ако има говеда - благосостојба. |
|
|
|
Штедење |
Успех на сите подрачја. |
|
|
|
Штедна Книшка |
Некому ќе позајмите пари. |
|
|
|
Штета |
Ако на сон претрпите штета - деловен успех. |
|
|
|
Штипење |
Ако штипете некого - непријатности. Ако некој вас ве штипе - непријатности и расправии. |
|
|
|
Штит |
Непријателите чекаат да згрешите. |
|
|
|
Штица |
Ако сечете штици - смрт на некое блиско лице. |
|
|
|
Штрк |
Среќен брак. Ако лета - неуспех во некој погфат. |
|
|
|
Штука (Мавање) |
Посета. |
|
|
|
Штурец |
Ако на сон чуете штурец - имате пријатели за кои и не знаете. |
|
|
|
Шуга |
Ако на сон имате шуга - треба да го поправите своето однесување кон другите. Ако друг има шуга - добивка. |
|
|
|
Шум |
Шумолење на вода - непријатности на патување. Шумолење на ветар - не карајте се за ситници. |
|
|
|
Шума |
Веселба. Ако одите низ шума - наследство. Гола шума - многу работа. Шума во пламен - несреќа. Зелена шума - среќа. Мрачна шума - несреќа, тага. Исечена шума - неуспех. Борова шума - големо изненадување. Букова шума - голема добивка. |
|
|
|
Шумар |
Углед и задоволство, но може да значи и опасност. |
|
|
|
Шумарска Куќа |
Ќе наидете на добар прием кај непознати луѓе. |
|
|
|
Шунка |
Покана за на гости. Ако јадете шунка - незадоволство, влошување на ситуацијата. Расипана шунка - озборување. Ако готвите шунка - интриги. Ако сечете шунка - ќе обавувате некоја бескорисна работа. Ако купувате шунка - раздор и кавги во домот. |
|
|
|
Шуплина |
Ако се наоѓате во некаква шуплина и не можете да излезете - ве очекуваат тешки грижи и јад. |
|
|